—> КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ
Компанија Атанасовски ДОО ИЛИНДЕН - основана во 2007 година, почнувајќи со помал обем на произведени свињи, а од 2013 година врши производство, дистрибуција и трговија со свинско месо и месни производи на територија на целата држава.
Производите кои ги нудиме, се од сопствен асортиман, а се изработени исклучиво од свежо свинско месо.
Во целокупниот процес на одгледување на свињите па се до обработка и дистрибуција на месо, строго се води сметка за исполнување на стандардите за биолошката и хемиска безбедност. Се врши постојана контрола на квалитетот, хигиена и санитација, имплементација на стандарди за квалитетна и безбедна храна, преку што придонесуваме во одржување на нивото на квалитетниот живот на потрошувачите.
—> ВИНИ ФАРМА
Вини Фарма е една од најголемите фарми во државата лоцирана во селото Пеклани на само 10 км од Виница, која одгледува свињи и произведува свежо македонско свинско месо почнувајќи уште од 2013 година.
Фармата е организирана по најголеми светски стандарди како еден затворен систем на производство и заокружена технолошка целина каде на едно место се произведуваат сите категории на свињи. Од маторици, нерези, прасиња, товни свињи, се до приплодни назимки.
Вини Фарма работи со капацитет од 700 мајки, а според последните резултати во 2015 година произведени се околу 15.000 товеници. Со самото добро работење на фармата згрижуваме околу 40 вработени кои се грижат за редот, здравјето и состојбата на животните.
Во 2016 година Вини Фарма е прогласена за најдобра фарма според резултатите во производтсво на свињи во регионот. Оваа награда илустрира унапредување на производните резултати од +3,23 одбиени прасиња по маторица годишно во 2016 година, што претставува највисок скок на производствени резултати во рамките на сите фарми од регионот. Целиме кон континуирано вложување за развој и модернизација на нашата фарма.
Постоиме од 2013 година, со успешно сетирани модерни системи во секторот. Свињите кои ги одгледуваме се распространети во 12 големи објекти, во еколошки чиста и здрава средина.
Нашиот тим е високо квалификуван, на чело со Менаџерот од Србија специјализиран во свињарство. Со ангажирање на различни институции како и стручни консултанти од областа на сточарството и во соработка со Холандски експерти од компанијата Topigs Norsvim, и многу значајни финансиски инвестиции направена е комплетна реконструкција и успешно воспоставен производствен процес на тов на свињи.
—> ГЕНЕТИКА
Целокупното работење на фармата се базира на континуирана набавка на врвен генетски материјал од Холандија базиран на Topigs технологија. Тоа е земјата која е еден од светските лидери во производство на свињи. Покрај генетиката која ни ги обезбедува високите репродуктивни резултати и брз прираст, значаен фактор за успешно производтво претставува и хемиски исправна вода, добар амбиент, квалитетна и избалансирана храна.
Стручна оспособеност на вработените, што како вкупен резултат дава врвни товеници со висок квалитет на месото БЕЗ ПРИСУСТВО на пестициди, хормони и антибиотици кои ги задоволуваат сите потреби на потрошувачите.
Фармата во пеклани е организирана по најголеми светски стандарди како еден затворен систем на производство и заокружена технолошка целина каде на едно место се произведуваат сите категории на свињи. Од маторици, нерези, прасиња, товни свињи се до приплодни назимки.
Производство на сточна храна за сопствени потреби
—> ДИСТРИБУЦИЈА
Покрај сопствената месарница Компанија Атанасовски (ул.9 бр.43) во Илинден, вршиме дистрибуција на свинско месо и во голем број угостителски објекти, месарници и маркети на ниво на целата држава.
—> РАБОТНО ВРЕМЕ месарница н.Илинден
Понеделник-Сабота: 07:00-20:00
Ветуваме најдобар квалитет и секогаш свежо произведено свинско месо во чиста еколошка средина!