За Нас

За компанијата

КОМПАНИЈА АТАНАСОВСКИ ДОО ИЛИНДЕН е основана во 2007 година, почнувајќи со помал обем на свињи, а од 2013 година врши производство со сопствена фарма, дистрибуција и трговија на големо со свинско месо и месни производи на територија на целата држава.

Тимот е составен од високо квалификувани сточари, ветеринари, и стручни лица специјализирани во свињарството. Континуирано се инвестира во унапредување и модернизација на производствените капацитети на фармата и сите други сопствени објекти.

Дознајте повеќе за квалитетот што го нудиме →

Вини фарма

Во 2013 година Компанија Атанасовски инвестира во нов капацитет – Фарма за одгледување на свињи – ВИНИ ФАРМА ДОО Илинден, со капацитет од 22.000 гоеници и 3.000 прасиња годишно, лоцирана во еколошки здрава животна средина во с.Пекљани, Виница. Фармата е една од најголемите фарми во државата лоцирана во селото Пеклани на само 10 км од Виница, која одгледува свињи и произведува свежо македонско свинско месо

Фармата е организирана по највисоки светски стандарди како еден затворен систем на производство и заокружена технолошка целина каде на едно место се произведуваат сите категории на свињи, од маторици, нерези, прасиња, товни свињи, се до приплодни назимки.

угостителски објекти

0

големи и мали маркети

0

месарници

0

Години Постоење

0
20 годишна приказна за вкус, доверба и квалитет!
Scroll to Top